Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Спасовски: Недолична и дискриминаторска изјава, Кочоска јавно да ѝ се извини на Петровска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Oliver-Spasovski

Координаторот на СДСМ, Оливер Спасовски бара јавно извинување од министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска за, како што вели, дискриминаторската изјава кон пратеничката Славјанка Петровска.

— реклама —

„Како координатор на пратеничката група на СДСМ, но пред сѐ како човек, најостро ја осудувам денешната неизмерно срамна, навредлива и дискриминаторска изјава на министерката за финансии, Кочовска, упатена кон колешката пратеничка, Славјанка Петровска.

— реклама —

Во обид да избега од личната одговорност за сериозното влошување на животниот стандард на граѓаните, министерката Кочовска не се двоумеше да го покаже вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, па така се впушти во лични навреди, коментирајќи го приватниот живот на Петровска.

Ова е крајно недолично, дискриминаторско и понижувачко однесување кое не смее да има место во политичкиот дискурс, а особено не во македонското Собрание.

— реклама —

Со оваа изјава, Кочовска уште еднаш го потврди лицемерното „демо-христијанско” однесување на ВМРО-ДПМНЕ - секогаш прибегнување кон дискриминација и омаловажување на жените кога нема аргументи. Зборовите на министерката претставуваат груб напад врз секоја жена во Македонија која се бори за свое место во општеството и политиката.

— реклама —

Бараме министерката Кочовска веднаш јавно да се извини за овој недостоинствен чин. Истовремено, ја повикуваме целата јавност, сите граѓани и организации, да се спротивстават на ваквиот говор на омраза и да испратат јасна порака дека дискриминацијата и навредите врз жените нема да бидат толерирани”, напиша Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања