Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Спортскиот портал „Атлетик“ го прогласи хрватскиот дрес за најлош на Мундијалот 2026

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Спорт
media-librarye28gr8q4i0aq4nltueu

Угледниот спортски портал „Атлетик“ објави рангирање на домашните дресови на сите 48 репрезентации кои ќе настапат на Светското првенство 2026, а најголемо изненадување предизвика пласманот на Хрватска – на последното, 48. место.

— реклама —

Авторот на анализата, Ник Милер, оцени дека „Најк“ направил сериозна грешка, интервенирајќи во препознатливиот хрватски дизајн со црвено-белите коцки.

— реклама —

„Коцките се премали, а белиот дел во средината изгледа како некој да почнал да го уредува дресот на мобилен телефон, па се откажал на половина“, напиша Милер, оценувајќи го како едно од најголемите промашувања меѓу сите репрезентации.

Во самиот врв на листата се најдоа Англија и Бразил, додека за најубав дрес на Мундијалот беше прогласен оној на Гана. Според „Атлетик“, ганскиот дрес, инспириран од традиционалниот текстил „кенте“ и легендата за пајакот Ананси, е храбар, оригинален и визуелно највпечатлив.

— реклама —

Во топ 10 се пласираа и Германија, Мароко, Саудиска Арабија, Шпанија, Австралија, Белгија и Зеленортските Острови. Франција заврши на 15. место, Португалија на 21., а Босна и Херцеговина беше рангирана на 31. позиција.

— реклама —

Рангирањето на „Атлетик“ предизвика бројни реакции кај навивачите, особено поради критиките упатени кон еден од најпрепознатливите дресови во светскиот фудбал – хрватските „коцки“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhsd4j422rdm05gRemPR

Хрватска предлага да испрати до 200 војници и два хеликоптера во Косово

Балкан | пред 1 час

— реклама —
media-libraryq9s7u9mu8rvqe9nbPVH

Новинари прикажани обесени на дрво: хрватската полиција упаси функционер поради закани кон 11 новинари

Свет | пред 1 седмица

media-libraryn1rmsm11nfn8dXvEi5G

„Мажите ми го плаќаа кокаинот за да бидат во мое друштво“ – потресна исповед на поранешната пејачка

Сцена | пред 1 седмица

media-library9dk9tqncu150fQrRGvs

„Слатка“ заплена на границата меѓу Хрватска и Србија: возач на камион скрил 400 тегли Нутела

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања