Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Спречен шверц на долна облека ,,Викторија Сикрет” и „Гучи”, девизи, цигари и канабис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Царинската управа објави дека нивни службеници на граничните премини низ државата и мобилните царински тимови при Секторот за контрола и истраги во текот на изминатите денови спречиле обиди за криумчарење семки и масло од канабис, ноќна облека „Викторија Сикрет“ и „Гучи“, значителна количина цигари, а спречен е и нелегален влез на мигранти.

На граничниот премин Богородица со Грција, во камион што превезувал палети, биле откриени илегални мигранти од Египет. На аеродромот во Скопје, бил спречен обид за шверц на 400 парчиња женска долна и ноќна облека од модните куќи „Викторија сикрет“ и „Гучи“. Патникот се обидел да влезе во државата без да ги пријави производите кај царинскиот орган, при што се определил за зелен канал, наменет за патниците што немаат стока за пријавување. Во личниот багаж и во ранецот што ги носел, била пронајдена непријавената облека од познати марки.

Кај Македонец што требало да патува за Лондон, биле пронајдени и запленети три илјади парчиња цигари и еден килограм тутун. Случајот бил откриен по извршена рендгенска и детална контрола на багажот.

— реклама —

Во друг случај, на граничниот премин Богородица, во кабината на камион со цистерна, под тапацирот на една од фиоките, царинските службеници откриле 11 штеки цигари.

— реклама —

Царински службеници на Меѓународен Аеродром Скопје запленија 850 парчиња играчки поради основано сомнение за повреда на право од интелектуална сопственост.

Музички инструменти, аудио опрема и друга електроника се запленети во три случаи на влез во државата на граничните премини Табановце и Меѓународен Аеродром Скопје, откако царински службеници и мобилен тим ги открија во возила со кои македонски и странски државјани се обиделе да ги криумчарат. Запленетата стока е со проценета вредност од 736 илјади денари.

— реклама —

Царински службеници на граничен премин Табановце во два случаи спречија обиди за нелегален внес на девизи.Во првиот случај при контрола на автобус, во личната торбичка на еден од патниците се пронајдени 19.600 евра. Во вториот случај, во возило со кое патувале двајца патници се пронајдени вкупно 31.400 евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryd2qv29lk03b524QwGRx

(Видео) Нови детали од меѓународната акција: Запленети 324 килограми марихуана

Македонија | пред 3 дена

IMG_4639

Европа алармира: Секоја недела се појавува нова дрога, синтетичките опиоиди носат смртоносен ризик

Свет | пред 1 месец

media-library6325v6d2tpncaPYopjS

Во Германија запленети 636 килограми кокаин, уапсени повеќе лица од меѓународна нарко-мрежа

Свет | пред 2 месеци

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Лишен од слобода кумановец кај кого била пронајдена бела прашкаста материја

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања