Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Србија ја почна првата заедничка воена вежба со НАТО, но останува воено неутрална

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Балкан
media-libraryeh7s61n024nt6InbI2i

Србија и НАТО ја започнаа првата заедничка воена вежба, која ќе трае до 23 мај во базата „Југ“ и на полигонот „Боровац“ во близина на Бујановац.

— реклама —

Според соопштението на НАТО и српското Министерство за одбрана, вежбата е насочена кон тактики, техники и процедури што се применуваат во операции за поддршка и одржување на мирот.

Во активностите учествуваат околу 600 припадници на српските вооружени сили, како и војници од Италија, Романија и Турција.

— реклама —

Организатори на вежбата се Командата на копнената војска на Србија и Командата на здружените сили на НАТО од Неапол, а присутни се и набљудувачи и воени планери од повеќе држави, меѓу кои САД, Велика Британија, Германија, Франција и Црна Гора.

— реклама —

Вежбата се реализира во рамките на програмата Партнерство за мир, во која Србија учествува од 2006 година, иако официјален Белград и понатаму ја задржува политиката на воена неутралност.

Настанот се одржува во период кога Србија балансира меѓу соработката со западните партнери, односите со Русија и развојот на воена соработка со Кина.

— реклама —

По почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, Србија објави прекин на дел од воените вежби со меѓународни партнери, но во меѓувреме продолжи со одредени активности, вклучително и вежбите „Платински волк“ со земји членки на НАТО.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 15 часа

— реклама —
media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 1 ден

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 2 дена

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања