Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Србија пред историска излезност: Можно е да биде најголема од падот на Милошевиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryie8nad7hs2lv5JdZ2GE

Предвремените парламентарни избори во Србија би можеле да бидат запаметени по најголемата излезност во последните 26 години, односно од изборите во 2000 година, кога беше соборен режимот на Слободан Милошевиќ.

Според досегашните процени на ЦеСИД и Ипсос, до 19 часот на гласање излегле 67,6 проценти од избирачите, што е за 11,7 процентни поени повеќе отколку во истиот период на парламентарните избори во 2023 година.

— реклама —

Доколку трендот се потврди и во конечните податоци, денешното гласање би можело да претставува еден од изборните процеси со највисока излезност во поновата историја на Србија.

— реклама —

Во центарот на изборната трка се листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, предводена од владејачката Српска напредна странка, и студентската листа „Студентите победуваат“, произлезена од протестното движење во земјата.

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ, кој ја предводи листата на СНС, по гласањето изјави дека ќе ги прифати изборните резултати, без оглед на исходот.

— реклама —

„Како и да одлучат луѓето“, порача Вучиќ, најавувајќи дека ќе ја почитува волјата на гласачите.

— реклама —

Неговото обраќање од изборниот штаб на Српската напредна странка се очекува по 22 часот.

Избирачките места се затворија во 20 часот, а се очекуваат првите процени за распределбата на гласовите. Конечната излезност и изборните резултати допрва треба да бидат потврдени од надлежните институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Конечни резултати од изборите во Србија: Студентската листа со 140, СНС со 103 мандати

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Познат е конечниот состав на парламентот по изборите во Србија

Балкан | пред 1 седмица

media-library13mnh6llnm839LF9x5Z

Претседателските избори во Србија мора да бидат распишани до 27 декември

Балкан | пред 2 седмици

media-library73738d5u84sb7xcuArP

Студентската листа во Србија бара оставки од раководителите на полицијата и БИА

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања