Промени тема
Контакт

Средба Николоски-Рокас: Силно сме посветени на евроинтеграциите и на изградба на квалитетна патна и железничка инфраструктура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_6532

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири и директорот на ЈП Железница Инфраструктура, Синиша Ивановски, вчера остварија работна средба со новоименуваниот амбасадор на ЕУ, Михаилис Рокас.

— реклама —

На средбата министерот Николоски го запозна евроамбасадорот Рокас со владината програма во делот на инфраструктурните проекти, потенцирајќи ја важноста за развој на патната и железничката инфраструктура со посебен фокус на изградба на брза пруга на Коридор10.

— реклама —

Министерот Николоски истакна дека планот за брза пруга на Коридор 10 е реален и е од стратешко значење за Македонија, за земјите од регионот и за Европската Унија.

— реклама —

На средбата, министерот ја истакна силната посветеност на Владата во однос на просецот на евроинтеграција на земјата, додавајќи дека министерството за транспорт активно работи на усогласување на транспортната политика со регулативите на Европската унија.

"Очекуваме добра и кооперативна соработка со Делегацијата на ЕУ како и досега. Му посакувам добредојде на новиот амбасадор Рокас и се надевам дека во континуитет заеднички ќе ги реализираме зацртаните политики и проекти. Унијата е наш долгогодишен стратешки партнер и силен поддржувач како во пристапниот процес, така и во делот на финансиска поддршка на капитални проекти за што полагаме огромна благодарност" -истакна Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8u9op29k8lk696xy88l

Николоски во Подгорица: На регионот му се потребни партнерства, поврзаност и економска соработка

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarynm1sgglmh0ov1siMlrw

Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ: Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка за развој на регионот

Македонија | пред 1 ден

media-libraryqsu1em28lf6v4yt8MRc

Од Скопје до Приштина од следната година ќе се патува и со воз, најави Николоски

Македонија | пред 2 дена

media-librarymhv255rp9c3i5RYB678

Николоски: Силен раст на авиосообраќајот, годинава околу 4 милиони патници на двата аеродроми

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања