Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Среќен почеток на новата школска година, учете и не го бирајте насилството како решение“, им порача Јаневска на учениците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarybthr4nrs0u7u5PlNox2

Министерката за образование и наука Весна Јаневска од ООУ „Киро Глигоров“ во Скопје им посака успешна и безбедна учебна година на учениците, со порака дека знаењето е најголемата сила, но и дека насилството никогаш не треба да биде избор.

— реклама —

„Учете, затоа што знаењето е најголемата сила што можете да ја добиете. Тоа богатство никој не може да ви го одземе. Верувајте во себе и секој ден учете“, порача Јаневска.

Таа ги повика учениците да градат пријателства, да им помагаат на другите и да не ги исмеваат оние што се поинакви.

— реклама —

„Навредите, погрдните зборови и насилството не значат дека сте јаки. Напротив, тие се знак на слабост“, нагласи министерката.

— реклама —

Јаневска упати апел и до родителите да им посветуваат повеќе внимание на децата и заедно со наставниците да придонесат за создавање безбедна и прифатлива училишна средина.

По повод почетокот на учебната година, Министерството за образование и наука и Македонски Телеком најавија и заедничка кампања против врсничкото насилство, насочена кон градење позитивна училишна средина и поголемо единство меѓу младите.

Кампањата ја најавија Јаневска и главниот извршен директор на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, пред почетокот на првиот училишен час.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycpa3j57gcvba0zXaU6X

Јаневска во Брисел: ја стимулиравме националната научно-истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Јаневска: со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfuub7mn852re5dEEosT

Јаневска им посака добредојде на бруцошите на УКИМ: „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери“

Македонија | пред 4 седмици

media-librarysdjfu8psmbjgdNFlc6y

Студентите бараат субвенции за поскапиот меѓуградски превоз, Јаневска: Ќе видиме што можеме да направиме

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања