Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Српската тенисерка реагира по контроверзијата на Ролан Гарос: „Без коментар, сите останавме во шок“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Спорт
media-libraryj1o2flpg87122dAJQiU

Српската тенисерка Анастасија Цветковиќ обезбеди пласман во четвртфиналето на јуниорскиот турнир на Ролан Гарос, откако во осминафиналето ја совлада Шпанката Паола Пињера Селорио со 2:0 во сетови (7:5, 6:0).

По мечот, 17-годишната тенисерка од Ниш изјави дека уште пред почетокот знаела дека ја очекува тежок дуел против противничка која оваа сезона има одлични резултати на земјена подлога.

— реклама —

„Знаев дека е квалитетна тенисерка и дека има одличен сервис. Влегов смирено во натпреварот, со цел да го чувам својот сервис и да ја искористам шансата на ритерн“, изјави Цветковиќ.

— реклама —

Таа се осврна и на контроверзната ситуација во првиот сет, при резултат 5:5 и изедначување, кога судијата го прекинал поенот иако размената не била завршена.

„Сите бевме во шок. Немав што да кажам во тој момент. Најважно ми е што останав смирена и не дозволив ситуацијата да ме исфрли од ритам. Веројатно токму тој гем беше пресуден“, рече младата Србинка.

— реклама —

Цветковиќ истакна дека во последните месеци значително напредувала на психолошки план и дека работата со тренерите ѝ помогнала подобро да ги контролира емоциите на теренот.

— реклама —

„Порано бев понервозна и понезрела во одредени ситуации. Сега гледам голем напредок во однос на тоа како реагирам на теренот. Во вакви натпревари многу работи зависат од менталната сила, а не само од тенисот“, додаде таа.

Младата српска тенисерка нагласи дека добрата форма и убедливите победи на турнирот дополнително ѝ ја зголемуваат самодовербата во пресрет на четвртфиналниот настап.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqhqa7nred8kq7i28rO8

Сабаленка остана прва на ВТА-листата, Андреева напредува по титулата на Ролан Гарос

Спорт | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryeigg0fbdh86q9PuTKht

(Видео) Беретини поради повреда се повлече од Ролан Гарос: „Сит сум од сè“

Настани | пред 3 седмици

media-libraryvipb4l5m1p8p6PrhkIB

Неверојатен пресврт на Ролан Гарос: Арналди од бездна до четвртфинале

Спорт | пред 3 седмици

media-library2aqsjgdnqeol5LXAIGe

(Видео) Руд бесен по спорната одлука на Ролан Гарос: „Навистина штета за мене“

Настани | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања