Новата шампионка на Ролан Гарос: Ѓоковиќ е мојот најголем идол
Руската тенисерка Алиса Октјабрева го освои јуниорскиот Ролан Гарос, а по триумфот во Париз не штедеше пофални зборови за својот најголем спортски идол – Новак Ѓоковиќ.Седумнаесетгодишната тенисерка, која моментално е 309. на ВТА-листата, во финалето убедливо ја совлада кинеската Сун Синран со 6:2, 6:1 и ја освои најголемата титула во својата досегашна кариера.„Ова ми значи многу. Секојпат кога ќе го погледнам овој трофеј, ќе се сетам на целиот пат и на трудот што го вложивме јас и мојот тим. Ус
Свет | пред 4 седмици