Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ССМ денес ќе ја блокира Владата: Не се откажуваме сѐ додека не се зголеми минималната плата на 600 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека денес во 11 часот ќе ја блокира Владата со точно 21 синдикален претставник, во рамки на третата активност од втората фаза синдикални притисоци за зголемување на работничките плати.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека бројот од 21 учесник е избран согласно Законот за јавни собири, како законски минимум за блокирање институција или сообраќајница.

— реклама —

„Ќе бидеме 21 човек и затоа што некој кажа дека ќе ги заокружуваат луѓето што протестираат и ќе ги оцрнуваат. Не се откажуваме сѐ додека не се зголеми минималната плата на 600 евра и не се зголемат сите останати плати за најмалку 6.000 денари“, рече Трендафилов.

— реклама —

Според него, блокадата е реакција на тоа што Владата и работодавачите не постигнале договор до 31 декември 2025 година за зголемување на минималната плата. Тој посочи дека, иако работодавачите биле подготвени да ги зголемат платите за најмалку 6.000 денари, побарале временски период да бидат ослободени од плаќање придонеси за задолжително социјално осигурување во износ од околу 3.000 денари по работник.

— реклама —

Минатата недела ССМ протестираше пред Собранието на Македонија, а потоа и пред Стопанската комора.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

market-pari

„И покрај малото намалување на минималната кошница, животот и натаму чини речиси 68.500 денари месечно“, велат од ССМ

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Наместо пензија, ќе работиме до крајот на животот?, прашува Трендафилов и бара пензија по 40 години стаж за мажи и 35 за жени

Македонија | пред 3 седмици

SSM-696x419

ССМ: За четиричлено семејство потребни се над 68.000 денари, храната „голта“ третина од семејниот буџет

Македонија | пред 1 месец

SSM-696x419

ССМ: Македонија повторно меѓу најлошо рангираните земји за работнички права

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања