Промени тема
Контакт

ССМ: Македонија повторно меѓу најлошо рангираните земји за работнички права

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
SSM-696x419

Македонија повторно е рангирана меѓу земјите со најсериозни проблеми во областа на работничките права, покажува Извештајот за 2026 година на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Според ССМ, државата и годинава е сместена во четвртата категорија од Индексот за глобални права, која ги опфаќа земјите со систематско прекршување на работничките права. Од Синдикатот оценуваат дека во новиот извештај се нотирани дополнителни забелешки за состојбите во земјата, што, според нив, укажува на влошување на положбата на работниците и синдикалното организирање.

— реклама —

Од ССМ посочуваат дека во извештајот е забележан случајот од февруари годинава, по одржувањето на масовниот работнички протест, организиран од Синдикатот, кога, како што наведуваат, претседателот на ССМ и членовите на неговото семејство биле изложени на нарушување на приватноста преку објавување снимки на социјалните мрежи.

— реклама —

Воедно, од Синдикатот тврдат дека во извештајот е евидентирано и постоење на таканаречени „жолти синдикати“, како и наводни притисоци врз работниците да се приклучуваат кон такви организации.

— реклама —

ССМ оценува дека ваквите наоди претставуваат сериозно предупредување за состојбата со работничките права и синдикалните слободи во државата и апелира институциите да преземат мерки за подобрување на условите за работниците и почитување на меѓународните стандарди во оваа област.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

k15

Над 84 илјади денари за основен живот: Киријата драстично го зголемува семејниот буџет

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
SSM-696x419

Синдикатите бараат ограничување на работата на отворено поради високите температури

Македонија | пред 1 месец

market-pari

„И покрај малото намалување на минималната кошница, животот и натаму чини речиси 68.500 денари месечно“, велат од ССМ

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Наместо пензија, ќе работиме до крајот на животот?, прашува Трендафилов и бара пензија по 40 години стаж за мажи и 35 за жени

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања