Промени тема
Контакт

ССМ: Работнички протест на 1-ви Мај за зголемување на платите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
SSM-696x419

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави нов работнички протест на 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, со цел борба за зголемување на минималната и останатите плати. На прес-конференција во Работничкиот дом, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, истакна дека протестот ќе започне во 11 часот пред Домот и ќе се одржи под слоганот „ЗА ПЛАТИ СЕ БОРИМЕ И НЕ МОЛИМЕ“.

— реклама —
— реклама —

Трендафилов посочи дека половина од работниците во Македонија примаат плата под 600 евра, а минималната плата неодамна е усогласена без согласност на синдикатите, за само 1.667 денари. Тој ги повика сите работници и синдикати да се приклучат на протестот, нагласувајќи дека борбата за праведни плати е продолжение на традицијата од Чикаго и дека 1 Мај не е ден за скара и веселби, туку ден за изразување на работничката борба.

— реклама —

ССМ најави дека членовите, нивните семејства и сите поддржувачи на зголемување на платите ќе бидат на улица заедно со останатите работници, повторно враќајќи ја традицијата на јавни протести по повод Меѓународниот ден на трудот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

k15

Над 84 илјади денари за основен живот: Киријата драстично го зголемува семејниот буџет

Македонија | пред 1 ден

SSM-696x419

Синдикатите бараат ограничување на работата на отворено поради високите температури

Македонија | пред 2 седмици

market-pari

„И покрај малото намалување на минималната кошница, животот и натаму чини речиси 68.500 денари месечно“, велат од ССМ

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Наместо пензија, ќе работиме до крајот на животот?, прашува Трендафилов и бара пензија по 40 години стаж за мажи и 35 за жени

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања