Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Станковиќ: Македонија има значаен исчекор во Реформската агенда, потврда има од голем број шефови на мисии на земјите членки на ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-library6d279u9sgd5baXC5WSd

Македонија бележи значаен напредок во спроведувањето на Реформската агенда, при што за најголем дел од предвидените точки веќе има позитивни оценки од претставници на земјите членки на Европската Унија, изјави пратеникот Малиша Станковиќ од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во дебатната емисијa на ТВ 24.

Тој посочи дека Реформската агенда опфаќа период од 2024 до 2027 година и содржи вкупно 21 точка, од кои за 16 веќе има позитивни реакции од шефови на мисии на земјите членки на ЕУ. Според него, до извештајниот период се очекува реализација на уште две точки, со што би се достигнале 18 од 21 исполнети мерки во текот на 2026 година.

— реклама —

Станковиќ истакна дека Владата одржала состанок со шефовите на дипломатските мисии на ЕУ, на кој бил оценет напредокот и биле констатирани конкретни резултати во спроведувањето на реформите.

Во однос на европската интеграција и прашањата поврзани со уставните измени и билатералните спорови, тој нагласи дека е потребен предвидлив, транспарентен и јасен процес, со цврсти гаранции за државата.

— реклама —

Според него, Реформската агенда се темели на Копенхашките критериуми, кои остануваат клучна рамка за напредокот на земјата кон Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8gfhudof6on26lHLWOJ

Станковиќ: Владата ги намали акцизите за горивата, преку конкретни мерки го штити стандардот на граѓаните 

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library8atqs4p4ugp20ER0mrD

Станковиќ: Буџетот за 2026 година е реален и има мерки за самовработување и сузбивање на сивата економија

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања