Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Станковиќ: Владата ги намали акцизите за горивата, преку конкретни мерки го штити стандардот на граѓаните 

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library8gfhudof6on26lHLWOJ

„Дизелот на светските берзи се зголеми над 10 отсто. Интервенцијата на Владата, со намалување на 4 денари за акцизата по литар дизел придонесе да не биде многу повисока цената од онаа која што ја имаме сега“, истакна Малиша Станковиќ, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Топ тема на Телма телевизија.

Станковиќ посочи дека државата не може да биде изолирана од глобалните процеси, особено поради случувањата на Блискиот Исток и нагласи дека мерките коишто ги презема Владата, односно намалување на акцизите и продолжување на понискиот ДДВ предизвикуваат конкретни резултати. Тој додаде дека Владата останува посветена да го заштити животниот стандард на граѓаните.

„Треба да сме свесни дека сепак ова е една криза која што не се случува само на Република Македонија, се случува на целиот свет и преку мерките коишто ги презема Владата ја контролираме ситуацијата во која што се наоѓаме. Сепак, во Македонија се вози најевтин дизел и најевтини бензини, и воопшто нафтените деривати се најевтини во целиот регион. Така што, сметам дека ја контролираме ситуацијата и мерките на Владата веќе предизвикуваат конкретни резултати“, дециден е Станковиќ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8atqs4p4ugp20ER0mrD

Станковиќ: Буџетот за 2026 година е реален и има мерки за самовработување и сузбивање на сивата економија

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања