Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Станковиќ: СДС ги игнорира и не ги поддржува законите од Реформската агенда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryn3de92bbkik597cVq0Z

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ, на денешната собраниска седница упати критики кон опозициските пратеници, обвинувајќи ги дека со нивните амандмани го кочат реформскиот процес и усвојувањето на законите од Реформската агенда.

— реклама —

Тој истакна дека законот за кој се расправа бил предмет на широка јавна дебата, вклучително и јавна трибина во Собранието, како и расправа во матичната комисија, каде биле поднесени амандмани од сите парламентарни групи. Според него, дел од предлозите на СДСМ и опозицијата биле разгледани, а одредени и прифатени, но еден од амандманите бил оценет како неуставен.

— реклама —

„И покрај целата дебата и постапка, вие повторно тврдите дека вашите амандмани не се прифатени. Еден од нив е оценет како неуставен и не може да биде дел од законското решение“, рече Станковиќ, додавајќи дека опозицијата настојува да внесе решенија кои, според него, би го отежнале функционирањето на законот.

— реклама —

Тој оцени дека СДСМ не покажува вистинска поддршка за реформите и дека нивниот пристап не придонесува за напредок на европската агенда. „Од Реформската агенда и од вашите најави за реформи нема ништо. Вие ги кочите реформските процеси и барате услови според кои би се спроведувале само кога сте на власт“, изјави Станковиќ.

— реклама —

Во своето обраќање, тој порача дека европскиот реформски процес ќе продолжи и без поддршката од опозицијата, нагласувајќи дека институциите ќе продолжат со работа на законите од европската агенда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6d279u9sgd5baXC5WSd

Станковиќ: Македонија има значаен исчекор во Реформската агенда, потврда има од голем број шефови на мисии на земјите членки на ЕУ

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
media-library8gfhudof6on26lHLWOJ

Станковиќ: Владата ги намали акцизите за горивата, преку конкретни мерки го штити стандардот на граѓаните 

Македонија | пред 7 месеци

media-library8atqs4p4ugp20ER0mrD

Станковиќ: Буџетот за 2026 година е реален и има мерки за самовработување и сузбивање на сивата економија

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања