Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Станковиќ: Правдата мора да излезе на виделина, да се санкционираат  сите инволвирани во случајот со трагедијата во Пулс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-librarys3uid8k7c7v8aImXkiR


Пратеникот од Коалицијата  предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ, гостуваше во ТВ 24, порача дека институциите мора целосно да го завршат судскиот процес поврзан со трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој ја потресе јавноста, нагласувајќи дека власта нема намера да прикрива било кого и очекува одговорност за сите сторители.

— реклама —

„Веќе гледаме дека се води судски спор којшто е активен во моментот, битно е граѓаните да знаат дека ние не сакаме да заштитиме никого, напротив сакаме секој сторител да одговара за стореното дело и кон тоа стоиме и се надевам дека ќе се смогнат сили пред се судската власт и ЈО да го истера случајот до крај а ние стоиме тука да им дадеме поддршка  на тие луѓе коишто за жал ги изгубија своите најмили, а со тоа и самата држава изгуби. Во моментот најбитно за нас како држава, како општество е сторителите да одговараат, односно сите кои се виновни да одговараат, навистина се обидуваме и преземаме се да направиме за дојдеме до правдата, нешто што го сакаат и оние кои останаа без своите најмили, без своите деца и ние како држава“, истакна Станковиќ и додаде:

— реклама —

„Прва работа ние како власт не бегаме од ниту едно прашање и тоа го докажавме со самото тоа што и ние бевме иницијатори за покренување на иницијатива во Собранието. Ние сметавме во почетокот дека тоа ќе ги изложи овие луѓе коишто се најдиректно засегнати во дополнителни стресови и од таа морална гледна точка. Во оној момент кога разбравме дека тие самите сакаат да се обратат, ние постојано сме транспарентни и велиме сето она што мислите дека треба да го направиме ние сме отворени да го направиме и затоа ние ја потпишавме самите иницијатива не само за овој случај и за сите претходни случаи да се отворат и да се разгледаат во Собранието. Во ниту еден момент никој од власта не избегал од одговорност, од соочување или од поставување и отворање на одредени прашања“, рече Станковиќ.

— реклама —

Станковиќ потсети дека уште на почетокот имало средби помеѓу родителите и министерот за внатрешни работи, Тошковски, со порака дека правдата мора да излезе на виделина Станковиќ повтори дека Владата останува доследна во ставот дека никој нема да биде заштитен.

— реклама —

„Знаете дека и на самиот почетокот и министерот за внатрешни работи имаше средба со родителите, ние постојано сме во контакт не само со родителите, не само со одредена група на родители, со сите засегнати во однос на овој немил настан и ние даваме отворена поддршка на сите институции да дојде реално до правдата. Најбитно на сите ни е правдата да излезе на виделина, да се санкционираат сите на кој било начин инволвирани“, вели Станковиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Полицајците од Пробиштип не знаеле дека ќе учествуваат во контрола на дискотеката „Пулс“, тврди сведок на судењето

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
IMG_5572

„Стручна самодисквалификација“: Марковски ги оспори наодите на вештакот на одбраната, Деко предложил 16 сведоци, меѓу нив и неговата ќерка

Македонија | пред 1 ден

IMG_5515

Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на барањето на Шилегов: Случајот не може да се споредува со други предмети

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“, а добивале очилa и рачен часовник за услугата – девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификати

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања