Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Стефковски: Секое дете од СОС Детско село ќе добие дрво за кое ќе се грижи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово потпиша договор за донација со Иуте Македонија за 150 нови садници дрва.

— реклама —

За потпишувањето на договорот, градоначалникот Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

„Утрово во просториите на општина Гази Баба го потпишавме договорот за донација со финансиското друштво Иуте Македонија.

— реклама —

Предмет на донацијата се 150 садници дрва за зазеленување на просторот околу спортскиот терен Солидарност во населеното место Инџиково.

Оваа активност ќе ја реализираме во соработка со СОС Детското село во чија близина ќе се реализира активноста за засадување на дрвата.

Секое дете, кое е згрижено во СОС Детското село ќе добие свое дрво за кое во иднина ќе се грижи.

Ова е уште една во низата активности кои општина Гази Баба ги реализира со цел заштита на животната средина.

Како локална самоуправа во изминатот период посветивме особено внимание на заштитата на животната средина, а доказ за тоа се реализираните проекти во оваа област.

Му благодарам на менаџментот на финансиското друштво Иуте Македонија за покажаната општествена одговорност“, напиша Стефковски градоначалник на општина Гази Баба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryc2bg51n7p91r6uz5n2m

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrntfr16dvfc097I424B

Стефковски: Граѓаните на Гази Баба добиваат граѓански штаб, прва општина по транспарентност во скопскиот регион

Скопје | пред 2 месеци

BobanStefkovski31052021

Стефковски: Потребно е итно решение за депонијата Вардариште

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Стефковски: Изградена е карабината, Булачани добива училишна сала по 60 години

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања