Промени тема
Контакт

Штерјова: ВМРО го труе и Скопје-СДСМ бара одговорност за загадувањето на Лепенец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library700g4cqt6a518RMehQS

Загадувањето на реката Лепенец значи дека отровот веќе стигна и во Скопје. Белата боја и обемот на пената што вчера се појави на сливот на реката Лепенец во реката Вардар, најчесто се знак на синтетичко загадување, вели Кети Штерјова од СДСМ.

„Ова е сериозен аларам власта нема капацитет за заштитата на животната средина и безбедноста на водните ресурси.

Наместо конкретни мерки и одговорност градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, си игра со дронови, од воздух ќе го решавал проблемот.

Човекот кој една обична слика за билборд не може да направи без грешка,

— реклама —

На граѓаните на Скопје не им требаат спектакли, туку институции што ги штитат. И најважно, чиста и безбедна вода.

— реклама —

Скопје има проблеми со депонии, со смет, со загаден воздух а сега и проблем со загадување на Лепенец и Вардар.

СДСМ бара институциите веднаш да ја утврдат одговорноста за загадувањето и итна реакција за санација на проблемот.

— реклама —

Секој што си игра со здравјето на луѓето мора да сноси одговорност.

СДСМ нема да дозволи оваа власт да ја отруе цела Македонија. Време е за правда и вистина“; вели Штерјова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library700g4cqt6a518RMehQS

Анализите на водата кај Лепенец не покажаа надминување на дозволените вредности, се чека конечниот извештај

Скопје | пред 4 седмици

vodovod-1

Снемало струја кај бунарите во Лепенец, тоа го предизвикало пукањето на цевката во Влае, водоснабдувањето се стабилизира

Скопје | пред 10 месеци

Pozarnikari

Трагедија во Ѓорче Петров: По пожарот кај Лепенец, пронајдено изгорено човечко тело

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања