Промени тема
Контакт

Жената која фрлаше отпад во Лепенец доби две санкции од МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryg3m27d9fae9kcaNdWUW

Жената која беше снимена како фрла отпадоци во реката Лепенец е идентификувана и санкционирана од полицијата.

Од МВР информираат дека денеска, 17 септември, во 11:45 часот, во Полициската станица од општа надлежност Карпош била повикана М.И.Б. (38) од Скопје, во врска со видеоснимките објавени на социјалните мрежи.

— реклама —

На снимките се гледа како непознато женско лице со патничко возило „порше“, на улицата „Скупи“, кај мостот на реката Лепенец, фрла отпадоци во реката.

— реклама —

По преземените мерки и активности, полицијата го утврдила идентитетот на жената, која била повикана во полициската станица, каде што со неа бил извршен службен разговор.

По документирањето на случајот, на М.И.Б. ѝ бил изготвен платен налог согласно член 14 став 1 од Законот за јавна чистота поради фрлање амбалажа надвор од местата определени за таа намена.

— реклама —

Дополнително, бил составен записник со платен налог согласно член 63 став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата поради непрописно паркирање на патничкото возило на коловозна лента.

media-libraryg3m27d9fae9kcaNdWUW

(Видео) Жена вози „Порше“, ама ѓубрето го фрла во Лепенец

Снимка објавена на социјалните мрежи предизвика реакции, откако жена е снимена како фрла ѓубре директно во реката Лепенец.На видеото се гледа како таа пристапува до брегот со автомобил „Порше“, го фрла отпадот во реката и потоа си заминува.Сцената повторно го отвора прашањето за односот кон животната средина и загадувањето на реките.

Македонија | пред 3 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg3m27d9fae9kcaNdWUW

(Видео) Жена вози „Порше“, ама ѓубрето го фрла во Лепенец

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library700g4cqt6a518RMehQS

Анализите на водата кај Лепенец не покажаа надминување на дозволените вредности, се чека конечниот извештај

Скопје | пред 2 месеци

media-library700g4cqt6a518RMehQS

Штерјова: ВМРО го труе и Скопје-СДСМ бара одговорност за загадувањето на Лепенец

Македонија | пред 2 месеци

vodovod-1

Снемало струја кај бунарите во Лепенец, тоа го предизвикало пукањето на цевката во Влае, водоснабдувањето се стабилизира

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања