Снимка објавена на социјалните мрежи предизвика реакции, откако жена е снимена како фрла ѓубре директно во реката Лепенец.
На видеото се гледа како таа пристапува до брегот со автомобил „Порше“, го фрла отпадот во реката и потоа си заминува.
Сцената повторно го отвора прашањето за односот кон животната средина и загадувањето на реките.