Промени тема
Контакт

Што да се очекува од состанокот помеѓу Трамп, Зеленски и европските лидери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-02-19-at-18.11.52

Американскиот претседател Доналд Трамп утрово испрати остри пораки до украинскиот претседател Володимир Зеленски, во пресрет на нивната средба во Вашингтон.

„Можеш да ја завршиш војната ако тоа го сакаш – или можеш да ја продолжиш“, порача Трамп на социјалните мрежи, додавајќи дека „Крим е изгубен“ и дека членството на Украина во НАТО е „исклучено“.

— реклама —

Овие изјави се толкуваат како дополнителен притисок врз Зеленски пред преговорите, особено по шпекулациите дека Трамп на самитот во Алјаска минатата недела попуштил под влијанието на рускиот претседател Владимир Путин.

Состанокот во Вашингтон, прв по нивниот конфликтен состанок во февруари, ќе биде обележан и со силно европско присуство. Зеленски ќе има поддршка од:

британскиот премиер Кир Стармер,

— реклама —

претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен,

францускиот претседател Емануел Макрон,

— реклама —

италијанската премиерка Џорџа Мелони,

германскиот канцелар Фридрих Мерц,

финскиот претседател Александар Стуб,

— реклама —

како и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Очекувањата се големи, но и тензиите – особено поради јасниот став на Трамп дека територијалните отстапки се клуч за мир, додека украинскиот устав строго забранува откажување од суверенитетот и територијалниот интегритет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии

Свет | пред 20 часа

— реклама —
media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зеленски: Украина префрли двајца севернокорејски заробеници во Јужна Кореја

Свет | пред 1 седмица

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Киев и Вашингтон сакаат војната да заврши пред зимата, Зеленски бара посилна воздушна одбрана

Свет | пред 1 седмица

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Холандија ѝ дава дополнителни 327 милиони евра на Украина за обнова

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања