„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Што ја предизвика катастрофата на аеродромот? Авионот добил предупредување од контролната кула непосредно пред ударот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-12-29-at-18.58.36

Се уште се шпекулира за причината за страшната авионска несреќа во Јужна Кореја во која според досегашните информации загинаа 179 лица. Според некои извори, причината може да биде неисправност на опремата за слетување.

— реклама —

Имено, Боингот 737-800 се обидел да слета на стомакот околу 9:03 часот по локално време, откако наводно не му се отворил опремата за слетување. Авионот се лизнал по пистата, а потоа удрил во ѕидот на аеродромот, се скршил на два дела напред и опаш и се запалил, пишува Гардијан.

Од друга страна, локалниот ТВ канал МБЦ емитуваше снимка на која се чини дека го прикажува инцидентот со птицата додека авионот се спушта.

— реклама —

Пожарникарите исто така се сомневаат дека причина за несреќата е ударот на птица и лошото време, но точната причина е под истрага, изјави Ли Џеонг-хјун, началник на пожарникарската служба во Муан.

Опашката дел од авионот изгледа недопрена, но „обликот на остатокот од авионот не може да се препознае“, додаде Ли.

На авионот му е испратено предупредување за удар на птица од контролната кула пред фаталната несреќа, соопшти Министерството за транспорт на Јужна Кореја, пренесува Би-Би-Си.

А еден патник наводно испратил порака до роднините дека птица била заглавена во крилото на авионот пред падот, според агенцијата News1.

Неговата последна порака беше напишана со текстот: „Дали да ги кажам моите последни зборови?#

Сведоците пријавиле дека слушнале силен удар пред авионот да удри во ѕидот.

Доколку се потврди бројот на загинатите, тоа би била најтешката домашна катастрофа во јужнокорејската цивилна авијација и првиот голем инцидент со жртви во кој е вклучен евтин превозник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library068s1tcf8q7jdqOkgkw

(Видео) Трамп со највисоко државно одликување пречекан во Јужна Кореја

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-06-27-at-09.06.57

(Видео) Објавена снимка од подметнување пожар во сеулското метро

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-01-29-at-08.51.13

Се запали авион во Јужна Кореа, има повредени

Свет | пред 11 месец

IMG_9161

Пронајдени пердуви и крв во моторите на авионот во кој загинаа 179 лица

Свет | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања