Промени тема
Контакт

Што имот пријавил градоначалникот на Карпош: Станови, акции и оружје во анкетниот лист на Лукровски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Скопје
media-libraryjojlsulpnv565EXHWeD

Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, го пријавил својот анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), од кој може да се види неговата пријавена имотна состојба по стапувањето на функцијата.

Лукровски беше избран за градоначалник на последните локални избори, а пред влезот во локалната власт беше дел од македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“, каде што бил член на „Алкалоид Конс“.

— реклама —
media-library7f99714ike2k3380AMQ

Според анкетниот лист, градоначалникот пријавил дека поседува стан во општина Карпош со површина од 84 квадратни метри, кој, како што навел, го добил како подарок во 2012 година.

Покрај тоа, Лукровски пријавил и два стана во населбата Глуво – Бразда, во општина Чучер Сандево. Едниот стан е со површина од 98 квадратни метри, а другиот од 125 квадратни метри.

— реклама —

Во делот за подвижен имот, Лукровски пријавил дека поседува два автомобили – „Шевролет Калос“ и „Шкода Фабија“. Во анкетниот лист е наведено и дека поседува оружје во вредност од 52.000 денари, како и второ оружје од 5.500 денари.

— реклама —

Градоначалникот на Карпош пријавил и сопственост на 65 акции во компанијата „Алкалоид“. Според актуелната пазарна вредност на акцијата, овие акции се проценуваат на над 1,5 милиони денари, односно повеќе од 25.000 евра.

Има и долгови, односно за лизин кои настанале во ноември годинава од 1.531.041 денар. Потоа, стои дека има има кредитни картички, а неговата сопруга има и кредити за станови.

Анкетниот лист е јавно достапен на веб-страницата на ДКСК, согласно законските обврски за транспарентност на избраните и именуваните функционери.

Целиот имотен лист:

Превземи PDF.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl40ullnok8uedRGqflf

Карпош добива нов мега парк од 86.000 квадратни метри, поранешната депонија е исчистена

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryucb532pau795f3jDTOg

Есенска дератизација во Карпош

Скопје | пред 4 дена

media-libraryu48mllqbon427ORX4TM

Спортски спектакл во Карпош: „Мега лифтови“ шампион на меморијалниот турнир во мал фудбал „Сокол 2026“

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryo25u93elc9i6fyFbCHm

Вандализирано детското игралиште во Карпош 1, оштетени реквизити и урбана опрема

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања