Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Што се случува со крајот на војната во Украина?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-15-at-22.11.22

Кремљ денеска порача дека Украина мора да ги повлече своите сили од Донбас и од териториите што Москва ги смета за дел од Русија, пред да може да има сериозни мировни преговори.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да нареди повлекување на украинските сили за да се „отвори коридор“ кон мировни преговори.

— реклама —

„Војната може да запре во секој момент“, изјави Песков, доколку Киев ги прифати руските барања.

— реклама —

Русија подолго време бара Украина да се откаже од окупираните делови на Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, што Киев категорично го одбива.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема никаков договор со Владимир Путин според кој Русија би го добила целиот Донбас како дел од евентуален мировен договор.

— реклама —

„Не“, кусо одговори Трамп на прашањето дали постои такво разбирање со Путин.

— реклама —

Тој сепак оцени дека војната се приближува кон крајот и додаде дека, доколку биде потребно, би отпатувал и во Русија за да помогне во постигнување договор.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека, и покрај позитивните сигнали од Вашингтон, во реалноста нема вистински напредок ниту во односите меѓу САД и Русија, ниту во мировниот процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryji0c2jrmaopt7MMtcAo

Путин бил бесен поради нападот врз мостот кон Крим, тврди Трамп

Свет | пред 52 минути

— реклама —
media-librarygmod375n615lbfEP5nl

Трамп од авионот им се јавил на европските лидери и се спротивставил на нова воена помош за Украина

Свет | пред 1 час

media-libraryake5lc9jnrqrfoOuHAD

Руски медиуми: Путин го добил најпочесното место, Трамп седел од другата страна на Си

Свет | пред 7 часа

media-library1c7jef3s6vev2Um7Qn9

(Видео) Необична сцена на подвижните скали: Трамп сакаше да го фати Си за рака

Свет | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања