Промени тема
Контакт

Што ви следува ако летот доцни или е откажан? ЕУ подготвува нови правила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryu4t8bgger7hqfit8Gxj
Photo by Eva Darron on Unsplash

Правата на патниците во авиосообраќајот повторно се во фокусот на европските институции, откако во Брисел се разгледуваат измени на правилата за обештетување при доцнење и откажување на летови.

— реклама —

Како што пренесува РТС, предложените измени не се однесуваат толку на висината на надоместоците, туку на поедноставување и забрзување на процедурите. Според актуелните правила, патниците можат да добијат обештетување од 250 до 600 евра, во зависност од должината на летот, но само ако авиокомпанијата е одговорна за доцнењето.

— реклама —

Уредникот на порталот „Танго сикс“, Петар Војиновиќ, објаснува дека постои разлика меѓу правото на грижа и правото на паричен надоместок. Грижата подразбира обезбедување храна, пијалаци, сместување и пренасочување на следниот лет, додека паричниот надоместок следува само во одредени случаи.

Тој посочува дека клучно е дали причината за доцнењето е во надлежност на авиокомпанијата. Рутински технички дефекти, недостиг на екипаж или пребукираност не ја ослободуваат компанијата од одговорност, додека невреме, штрајкови на контролата на летање или безбедносни закани се сметаат за вонредни околности.

— реклама —

Една од најзначајните новини би можела да биде обврската авиокомпаниите самите да ги контактираат патниците и да им доставуваат линк до образецот за барање обештетување во рок од 48 часа од планираното пристигнување. Дополнително, компаниите би имале рок од 30 дена да го исплатат надоместокот или да го образложат евентуалното одбивање на барањето.

Војиновиќ апелира на патниците да ги чуваат бординг-картите, потврдите за резервација и сметките за дополнителни трошоци, како и да не прифаќаат избрзани спогодби или ваучери без претходно да ги проверат своите права.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydrtk0n2uqufi6gfeQOB

(Видео) Погледнал низ прозорецот на авионот и останал збунет: „Зарем сме во вселената?“

Патувања | пред 3 дена

— реклама —
media-librarybod9lccgpmi76I9B9GO

(Видео) Воен авион со 32 лица се урна во Нигерија, на местото на несреќата пронајдени делови од тела

Свет | пред 5 дена

media-library1mup20ngltkm0Dy3YDD

(Видео) Снимка од копилот кој со секира го нападнал капетанот и се обидел да го преземе авионот

Свет | пред 1 седмица

media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf

Ирак одобри до 40 летови дневно од Иран, една авиокомпанија исклучена по барање на САД

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања