Стоилковски: ДКСК да отвори постапка за ухлебувањето на сопругата на Бочварски и нејзината сестра во штипската болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

„Државната комисија за спречување на корупцијата мора да отвори постапка за испитување на вработувањето на сопругата и сестрата на сопругата на министерот Благој Бочварски во Клиничката болница - Штип. Според јавно достапни информации, сопругата на Бочварски и нејзината сестра, двете во ист ден, без оглас, биле вработени во штипската болница. Се работи за општи доктори коишто немаат ниту шестмесечен стаж по дипломирање, а се вработени во специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница - Штип. Министерот Бочварски се венчава во мај годинава, а еден месец потоа, неговата сопруга и нејзината сестра се вработуваат под државна капа“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тој додава:

Постојат силни индиции дека станува збор за непотизам, за злоупотреба на позиција, за изигрување на системот за вработување без оглас.

— реклама —

Почитувани,

Бидејќи и Бочварски и клептоманската власт водена од неспособната антимакедонска СДС молчат за случајот, ДКСК мора да даде одговори:

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени како општи докторки на специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничка болница - Штип, со дозвола на директорот на болницата, член на клептоманската СДС, Ален Ѓорѓиев?.

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се ухлебени во штипската болница речиси директно „од клупа“, со неполни три месеци стаж во приватна здравствена установа?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени во ист ден во штипска болница без оглас распишан од болницата?

Дали Благој Бочварски ја злоупотребил својата позиција како министер за да го изигра системот и без распишан оглас неговата сопруга и нејзината сестра да се вработат во штипската болница?

Почитувани,

Македонија се дави во корупција која што доведува до страшна и длабока сиромаштија. Една од функциите на ДКСК е да спречува корупција и да реагира навремено. Со затајување на ДКСК, институцијата станува соучесник во девастацијата на системот, соучесник во злоупотребите и соучесник во растот на корупцијата и со тоа во осиромашувањето на граѓаните.

Институциите и буџетот на Македонија повеќе не може да издржат ухлебување на семејства и миленици на антимакедонската власт. Ова мора да има крај!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања