Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Стојаноска за Трендафилов: Целта е да се прикаже како овој “волк” изигрува јагне, ако сака да ја продолжи “битката” со мене, го чека Дафина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library4teqd8gqp35ebzOkStT

Пратеничката Дафина Стојаноска упати остри критики до претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, обвинувајќи го за лицемерие и политички притисоци врз парламентарното мнозинство.

— реклама —

„Сосема е препознатлив речникот на Трендафилов и не би сакала воопшто да наседнувам на неговото сценарио. Видеото јасно го прикажува неговото однесување со службеното возило на ССМ. Не се цел неговите малолетни деца (чии што идентитети се прикриени на самото видео). Целта е да се прикаже на јавноста како овој “волк” изигрува јагне, “бранејќи” ги правата на работниците или во превод: разоткриено е целото лицемерие на "водачот" .

— реклама —

Јавните личности треба да се подготвени на секакви видеа и фотографии. Тоа е “цената” која секоја јавна личност знае како и колку ја “плаќа”.

— реклама —

Секако, не мислевте дека ние, како пратеници, немо ќе гледаме како "со сите средства" поддржани од вашите политички ментори СДСМ и Левица, вршите притисок врз мнозинството и промовирате идеологија од минатото, каде државата или законодавецот се става над приватната сопственост.

Што се однесува до видеото, можеби да е и од некој незадоволен работник од “штитењата” на Трендафилов?!?

Што се однесува до мојата реакција на неговата изјава (закана): Почитувам закони и Устав! Нека се постапи согласно законите и да видиме кој тоа е виновен?!?

П. С. Да наречеш пратеничка (која предводеше листа на последните парламентарни избори која освои 21.622 гласови) монструм, не само што е напад врз жена, туку е напад и врз 21.622 жители на ИЕ 6.

П. П. С. “Јагнето” Дичо за истите тие избори се фалел дека “вредел” околу 7-8.000 гласа (а, вчера беа само 50 ина на “блокадите”) и дека сите ги убедил да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на ниво на цела Македонија.

П. П. П. С. Ако сака да ја продолжи “битката” со мене, го чека ДАФИНА …“, вели Стојаноска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library02kon4n4v0g73Kize7j

Трендафилов: Добро утро на сите, освен на тие што се против зголемување на платите

Македонија | пред 2 седмици

media-library02kon4n4v0g73Kize7j

Трендафилов: 154.408 работници во длабока сиромаштија, имаат плата под 30.000 денари

Коментари | пред 2 седмици

media-library42aeoov8l6n79rPDwsK

Трендафилов: Не си ги намалуваат платите за 12.000 до 13.000 денари, лажат

Македонија | пред 1 месец

media-library7tm7p2fs36c26XrRNEd

(Видео) Трендафилов: Синдикалната минимална кошница за февруари золемена за 969 денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања