Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Стојановски: Нема да ја поддржиме одлуката за намалување на линискиот превоз на патници на градот Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
stojanovski

На денешната седница на Град Скопје, во однос на предлог-одлуката за изменување на Одлуката за линиски превоз на патници на градот Скопје имаше свое обраќање советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски кој нагласи дека ова одлука нема да се поддржи затоа што би ги довела граѓаните во ситуација уште повеќе да имаат проблеми со автобуските линии со редуцираниот возен ред.

„Како претседател на Комисијата за урбанизам и сообраќај, претходните денови одржавме комисија заедно со секторот од градот Скопје за сообраќај и со препоставените од тоа претпријатие. Инаку морам да ви кажам дека на Комисија ова точка за измена на линискиот превоз не помина, воедно и ќе образложам зошто. Како советници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да поддржиме ваква точка од причина што ние никако не сме за кратење на линиите т.е за намалување на постојните автобуси во текот на денот за граѓаните“, рече Стојановски.

— реклама —

Тој ги образложи сите кратења на линии кои се предвидени со ова барање, и беше дециден дека ваква алармантна бројка нема да биде во никој случај прифатена, затоа што првенствено претставува нечовечки однос кон граѓаните.

— реклама —

„Вкупно 92 кратења во еден ден бара ЈСП Скопје од советот, да донесе одлука за да тие автобуски линии постојани линии кои возат во текот на денот да бидат скратени, ова е огромна бројка ова е алармантно, јас го разбирам моментално недостигот на автобуси доколку го има ЈСП, они ветуваа и дека ќе ги поправат 30 автобуси некаде пред нова година но не добивме информација дали ги поправија. Затоа сакам да се изјаснам уште еднаш дека ваква фрапантна бројка, ваква анализа ваков нечовечки однос кон граѓаните ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да дозволиме“, вели Стојановски.

— реклама —

Тој додаде дека се надева дека и другите советници нема да го прифатат овој предлог, затоа што се работи за сосема друга намера од страна на ЈСП.

„Затоа повикувам сите останати советници да не го поддржат овој нов возен ред кој се става на голема врата во градот Скопје, затоа и онака граѓаните чекаат автобуси. Замислете ако се прифати овој возен ред да има редуцирано помалку автобуси од тоа што има сега замислете кога ќе дојде еден автобус, колку граѓани ќе чекаат колку време и колку тој ќе биде полн, дали тој автобус ќе може да ги собере тие граѓани да влезат во автобусот. Не, нема да може од причина што ќе бидат редуцирани. Јас мислам дека тука се работи за сосема нешто друго, да се намалат некакви трошкови на Јавното сообраќајно претпријатие, иако им даваме секоја година по два пати субвенции и затоа мислам дека оваа одлука нема да е правилна доколку некој ја изгласа“, вели Стојановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3ubopt15lmq0dHrUBgV

Нов директор во „Лајка“: Орце Ѓорѓиевски го брани изборот, Штерјова обвинува за партизација

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryacssdvpb4m0oeVWqaK2

Цаневска: Скопје станува „невидливо“ за инвеститорите по суспендирање на кредитниот рејтинг Б+

Скопје | пред 1 месец

media-libraryo50v32k7adh95ZJe2f8

(Фото) „Бандит“ на говорницата на Град Скопје

Македонија | пред 1 месец

media-librarylb03orba9b188mShzls

Не заборавајте: затворен за сообраќај е потегот од Кисела Вода до Црвен Крст во центарот на Скопје

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања