Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Стојчевски од СДММ: Младите се казнуваат затоа што не молчат и мислат со своја глава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryl7ds2a4vecbi6UBUz7c

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Криминалната организацијата на власт сака да ме замолчи мене, да ги замолчи младите, да ги замолчи сите што гласно зборуваат, вели Трајче Стојчевски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија

„Под казна ме префрлија на 100 километри подалеку од моето работно место. Само затоа што гласно зборувам за ова најнеспособна Влада предводена од Христијан Мицкоски.

 Класичен партиски реваншизам што секојдневно се спроведува низ институциите.

— реклама —

 Не само врз мене, ова не е моја лична приказна, ова е секојдневие на многу млади во Македонија. Тортура и притисок на работа од страна на Организираната криминална група ВМРО врз стотици  млади луѓе, само затоа што не се нивни слепи послушници.

 Денес сум јас, утре е  друг, млад службеник, наставник, лекар или млад човек кој има храброст да мисли со своја глава.

 Ги казнуваат сите што размислуваат поинаку, зборуваат гласно и не се покоруваат на партиските притисоци на Христијан Мицковски.

— реклама —

 Младите нема да молчат пред ваквите злоупотреби.

 Испраќаме јасна порака до сите слободоумни граѓани – придружете ни се!

— реклама —

 Заедно да им се спротивставиме. Ние сме вашиот глас, на обесправените, на неправедно казнетите, на сите кои се под политички притисок.

 Да се избориме за систем. Младите да не заминуваат.   Македонија да биде држава во која работното место зависи од професионалноста, а не од партиската книшка.

 СДММ ќе продолжи гласно да се бори против секоја неправда и против секој обид за заплашување на младите и на сите граѓани.

— реклама —

 НЕМА ДА МОЛЧИМЕ!

 Младите победуваат!

 Наша држава, наша шанса“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjuvo7946t52m26Y687J

(Видео) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

Македонија | пред 4 часа

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3d4hek0c1pu1TtueqE

Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања