Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Стојчевски: Распишете референдум, младите сами да одлучат за својата иднина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarys3p4s88r2p4pfrZNenA

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Трајче Стојчевски, ја повика Владата да распише референдум на кој младите ќе можат сами да одлучат за иднината на државата и нејзиниот европски пат.

На прес-конференција, Стојчевски порача дека Владата не може да се оправдува со недостаток на средства за организирање референдум, тврдејќи дека во буџетот нема пари затоа што, според него, тие биле потрошени на „криминални тендери“.

— реклама —

„Кога има пари за тендери, за нов авион и за луксузен живот на власта, мора да има пари и за одлука за судбината на младите, на државата и на сите граѓани“, рече Стојчевски.

— реклама —

Тој го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека ја води државата кон изолација и дека младите ќе ја платат највисоката цена преку продолжено иселување и неизвесност околу европската перспектива на земјата.

Според СДММ, младите не сакаат некој друг да одлучува во нивно име, туку бараат сами да го кажат својот став за иднината на Македонија.

— реклама —

„Ова не е прашање на една партија или на еден подмладок, туку на сите млади во Македонија. Младите имаат право сами да кажат по кој пат ќе оди државата“, истакна Стојчевски.

— реклама —

Од СДММ порачаа дека младите сакаат европска иднина и ја повикаа Владата да не бега од граѓаните и да распише референдум.

„Младите нека одлучат“, порача Стојчевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 59 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања