Промени тема
Контакт

Столтенберг: НАТО размислува да стави нуклеарно оружје на подготвеност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
w_57602642

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека имало консултации меѓу членките на Алијансата за вадење на нуклеарното оружје од складиштето, негово распоредување и подготвеност.

„НАТО разговара за распоредување на повеќе нуклеарно оружје во услови на растечка закана од Русија и Кина“, изјави Столтенберг за британски Телеграф.

Според него, Алијансата мора да го покаже својот нуклеарен арсенал за да испрати директна порака до своите противници.

— реклама —

„Нема да навлегувам во оперативните детали за тоа колку нуклеарни боеви глави треба да бидат оперативни, но треба да се консултираме за овие прашања. Токму тоа го правиме“, рече Столтенберг.

Тој посочи дека транспарентноста за нуклеарното оружје треба да биде еден од основите на нуклеарната стратегија на НАТО во подготовката на Алијансата за, како што рече, поопасен свет.

— реклама —

„Транспарентноста помага да се испрати директна порака дека ние, се разбира, сме нуклеарна алијанса. Целта на НАТО е, се разбира, свет без нуклеарно оружје, но се додека има нуклеарно оружје, ние ќе останеме нуклеарен сојуз, бидејќи светот во кој Русија, Кина и Северна Кореја имаат нуклеарно оружје, а НАТО нема е повеќе опасен свет“, рече Столтенберг.

— реклама —

Според него, Кина особено инвестира во модерно оружје, вклучувајќи го и нејзиниот нуклеарен арсенал, кој, според него, до 2030 година ќе порасне на 1.000 боеви глави.

„А тоа значи дека во не толку далечна иднина НАТО би можел да се соочи со нешто со кое никогаш досега не се соочил, а тоа се два потенцијални противници со нуклеарно оружје – Кина и Русија“, рече Столтенберг.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

НАТО: Засега нема опасност од руски напад

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ бара НАТО да не дозволи отворање на мостот во Митровица и повлекување на КФОР

Македонија | пред 3 седмици

media-librarymnnfa8l573bvauqXfEn

НАТО помага во координацијата за Ормускиот Теснец, но нема да се вклучи директно во мисијата

Свет | пред 3 седмици

dron1

НАТО авион собори дрон што влезе во романскиот воздушен простор, прогласена воздушна тревога

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања