„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Штрајк во „Луфтханза“: Откажувања и доцнења на летови од Франкфурт и Минхен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 21 час -

Свет
media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Вработените во германската авиокомпанија „Луфтханза“, на повик на синдикатот УФО, ќе стапат во штрајк на 10 април, кој ќе трае од 00:01 до 22:00 часот, при што ќе бидат погодени сите полетувања од аеродромите во Франкфурт и Минхен.

Се очекуваат бројни откажувања и доцнења на летовите, а дополнително на штрајк ќе излезе и кабинетскиот персонал на регионалната подружница „Ситилајн“ на девет германски аеродроми, меѓу кои се Хамбург, Бремен, Штутгарт, Келн, Дизелдорф, Берлин и Хановер.

— реклама —

Синдикатите наведуваат дека до штрајкот доаѓа по неуспешните преговори со раководството, при што големо мнозинство од вработените се изјасниле во корист на ваквиот чекор. Околу 19.000 членови на кабинскиот персонал бараат подобрување на работните услови, додека дел од вработените во „Ситилајн“, која е најавена за затворање во 2027 година, инсистираат на социјален план.

— реклама —

Меѓу клучните барања се подобро планирање на работното време, подолги отказни рокови и нови колективни договори. Од синдикатот оценуваат дека штрајкот можел да се избегне доколку компанијата понудела конструктивно решение во текот на преговорите.

— реклама —

Од „Луфтханза“ истакнуваат дека штрајкот ќе има значително влијание врз патниците, особено во периодот на враќање по велигденските празници. Компанијата додава дека останува подготвена за продолжување на дијалогот и пронаоѓање одржливо решение, нагласувајќи дека штрајковите треба да бидат крајна мерка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycmvnv5id63kg3GRHqKy

Обилни снежни врнежи го блокираа аеродромот во Минхен – патници на Луфтханза ја поминаа ноќта во авион

Свет | пред 1 месец

Lufthansa

Луфтханза ќе укине 4.000 работни места до 2030, причината е дигитализација и автоматизација

Свет | пред 6 месеци

Нема фотографија

Аеродромот во Брисел парализиран: Откажани повеќе од 30 летови

Свет | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања