Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Страшна несреќа во Турција: Автобус се заби во камион, најмалку 11 загинати и 27 повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library9el4j13rec4qeVmz6y7

Најмалку 11 лица загинаа, а 27 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во западниот дел на Турција, откако туристички автобус се судрил со камион на автопат во провинцијата Маниса.

Несреќата се случила денеска околу 11 часот по локално време, во близина на наплатната рампа Акхисар, на автопатот Гебзе – Орхангази – Измир, соопштија локалните власти, пренесува Танјуг.

— реклама —

Според информациите, туристичкиот автобус се движел од Бурса кон Измир, кога кај Акхисар се судрил со камион.

— реклама —

По несреќата, на местото биле испратени бројни екипи на итната медицинска помош, пожарникари и полиција. Биле започнати и спасувачки активности, а повредените биле пренесени во околните болници.

— реклама —

Турскиот министер за внатрешни работи Мустафа Чифчи ја потврдил бројката на загинати и информирал дека надлежните служби се на терен и внимателно ја следат ситуацијата.

— реклама —

Засега не се соопштени детали за причините за несреќата. Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на првичните проверки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library24luvmipt5kn0yY4pIw

Нема социјални мрежи за деца под 15 години: Турција воведе и посебни правила за тинејџерите

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4qpmmni378vaclYwKmN

(Видео) Трагедија во Кападокија: Карпа се урна врз луѓе, двајца загинати

Свет | пред 3 дена

turcija-1

Турција подготвува нова воена стратегија, се разгледува и база во Саудиска Арабија

Свет | пред 4 дена

media-librarymf69v352efb9eEtDoZA

Експлозија во рудник во Турција: Двајца загинати, петмина повредени, еден рудар заробен

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања