Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Стратегија за зачувување на македонскиот јазик и култура во српскиот град Ниш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-librarypgsj394f4bis6KWadxg

Во Ниш e претставена Стратегијата за развој и делување на Националниот совет на македонската национална заедница за наредните пет години, која ги дефинира клучните правци во образованието, културата, информирањето и употребата на јазикот. Целта е зајакнување на македонската заедница, институционална соработка, локален развој и користење на фондовите на ЕУ, истакна претседателката на Националниот совет, Зорица Митровиќ.

— реклама —

Македонците во Србија го чуваат својот јазик, традиција и култура, а во исто време активно живеат и работат во заедницата. Преку Националниот совет, културно-уметничките друштва, училишта и здруженија особено се посветуваат на младите за да го сочуваат идентитетот на современ начин. Во Ниш, веќе 23 години, значајна улога има Здружението „Вардар“, кое предано ја негува македонската култура и јазик.

— реклама —

„Во рамките на оваа област ќе се обидеме, во соработка со градот и со Школската управа, да покренеме кампања за формирање на одделение во кое ќе се изучува македонскиот јазик со елементи на национална култура. За да се формира одделението, потребно е децата, односно родителите, во мај да го заокружат македонскиот јазик како изборен предмет. За изучување на македонскиот јазик не е потребно учениците да бидат од исто одделение или исто училиште, истакна претседателот на Здружението на Македонците „Вардар“ – Ниш, Благе Петрушевски.

Стратегијата за периодот 2026–2031 година предвидува и подобра соработка со институциите, како и конкретни чекори за зголемени инвестиции во јазикот.

— реклама —

„Законот предвидува една заедница да сочинува 15% од населението на градот за да има право на службена употреба на јазик и писмо. За жал, во Ниш тоа сè уште го немаме, но тоа право постои во општина Пландиште во Војводина, како и во населбите Јабука и Качарево во рамките на градот Панчево. Во Лесковац македонскиот јазик се изучува како изборен предмет во четири основни училишта. Во моментов имаме пет наставници кои го предаваат овој предмет и се надеваме дека од септември барем едно основно училиште во Ниш ќе воведе ваква настава. Секако, ќе работиме на тоа“, изјави претседателката на Националниот совет на македонската национална заедница, Зорица Митровиќ.

Здружението „Вардар“ во Ниш брои повеќе од 60 членови, додека според последниот попис, во градот Ниш живеат околу 600 припадници на оваа заедница. Сепак, се проценува дека денес нивниот број е најмалку двојно поголем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

operacija

Историски успех на српските неврохирурзи: Првпат применета нова метода при операција на мозочна аневризма

Балкан | пред 20 часа

— реклама —
media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Студентите во Србија најавуваат специјален суд и бараат оставки од најмоќните функционери

Балкан | пред 22 часа

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Лажни дојави за бомби во објектите на РТС, вработените се вратија на работа

Балкан | пред 1 ден

zmija-1

Питон пронајден во училишен двор во Белград, сопственикот тврди дека му испаднал од ранец

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања