Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Стратегијата веќе постои – Мицкоски повторно со празни зборови без конкретни идеи, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
mickoski-9

„Државата веќе има национална стратегија која претходната влада, со помош на експерти и претставници на сите политички партии, ја изготви и ја поднесе до Собранието – Стратегијата за развој 2024-2044. Тоа е платформата околу која треба да се води разговорот, а Собранието е местото каде што се одржуваат овие дебати. Фактот што Мицкоски го деградира Собранието како форум за вакви важни теми е само доказ за неговата несериозност“, соопшти СДСМ.

— реклама —

„Мицкоски веќе повикуваше на обединување околу 10 точки и вредности, кои самиот не ги почитува. Сега повикува на обединување околу стратегија која веќе постои, и овој пристап го сметаме за крајно несериозен.

Мицкоски за четири месеци не понуди конкретни и мерливи цели во ниедна стратешка област, цели за кои државата би имала план и временска рамка за реализација. СДСМ, за жал, препознава само празна реторика со која Мицкоски се обидува да се прикаже како конструктивен политичар, но во реалноста тоа не е така.

— реклама —

СДСМ, од досегашните политики на Мицкоски, не може да препознае ниедна политика која е во интерес на граѓаните, околу која би можеле да се обединиме. Во изминатите четири месеци забележуваме драстичен пад на животниот стандард поради лоши политики, ниски плати и заштита на трговците наместо на граѓаните.

— реклама —

Има паушално најавена борба против корупцијата и криминалот, додека од друга страна се помилуваат нарко-дилери и картели. Безбедноста во државата е на најниско ниво, со престрелки на улиците и владеење на криминалците.

Сведоци сме на назадување на демократијата преку назначување на партиски кадри на клучни безбедносни институции, што е јасен сигнал како планира да владее Мицкоски. Имаме паралелни институции формирани од ВЛЕН, се создаваат паралелни академии на науки и се врши брутална партизација. Ова ги брка младите и образованите кадри надвор од државата. Околу вакви катастрофални политики не можеме да се обединиме.

— реклама —

Државата и граѓаните со години беа обединети околу една единствена цел – ЕУ и НАТО интеграции – но и за ова нема конкретен план. СДСМ бара конструктивност од ВМРО-ДПМНЕ и конкретни решенија кои се во интерес на граѓаните, околу кои може да се дебатира. Додека ВМРО-ДПМНЕ не созрее и не разбере дека обединувањето не смее да се користи како политичка флоскула и манипулација, туку за тоа е потребно вистинско лидерство, државата, за жал, нема да напредува“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 59 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања