Промени тема
Контакт

Стравичен биланс на невремето во Шри Ланка: 123 загинати, стотици исчезнати во поплавите и свлечиштата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-librarysthr2nkoeh5t5nsQuu1

Најмалку 123 лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ја зафатија Шри Ланка по една недела обилни врнежи, соопшти денеска Центарот за управување со катастрофи. Според извештајот, исчезнати се водат уште околу 130 лица, додека десетици илјади жители се принудени да ги напуштат своите домови поради растечката водена стихија.

— реклама —

Генералниот директор на Центарот, Сампат Котувегода, изјави дека спасувачките екипи непрекинато работат на критичните подрачја, каде што силното невреме предизвика огромни материјални штети и прекин на сообраќајот. Речиси 44.000 лица се раселени и сместени во привремени кампови, додека властите предупредуваат дека поради нестабилното тло постои ризик од нови свлечишта.

— реклама —
— реклама —

Врнежите кои ја погодуваат земјата веќе неколку дена предизвикаа најтешка природна катастрофа во последните години, а локалните власти и натаму апелираат за претпазливост и итна евакуација од ранливите области.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

poplavi-nepal

Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Непал: Повеќе од 1.300 загинати

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarylo6mbq3msm8k0t955k0

Силни дождови и поплави во Кенија – загинаа 108 лица

Свет | пред 5 месеци

media-libraryjhm8as5ra8506PPuooj

(Видео) Хаваи погодени од најсилни поплави во последниве 20 години

Свет | пред 5 месеци

media-libraryb65ut8bi435o1LjxGMj

Oштетени околу 500 објекти во село Форино: Црвениот крст обезбедува итна помош за семејствата

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања