Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Студентите по упадот во „Информер“: „Не поддржуваме упади во медиуми, ќе ги ослободуваме преку Собранието“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-librarysdffhpi2at9t9iRqmHw

Студентите во блокада во Србија јавно се оградија од упадите во медиумски редакции и институции, по случувањата во Белград за време на прославата на изборната победа. Тие порачаа дека не поддржуваат такви постапки, ниту повикуваат на нив, нагласувајќи дека борбата за слободни медиуми ќе ја водат преку институциите.

Во објава на социјалната мрежа Икс, студентите ги повикаа граѓаните по завршувањето на прославата на Славија мирно да се разотидат и да се вратат во своите домови.

— реклама —

„Ја разбираме среќата, емоциите и потребата по сè што поминавме конечно да ја прославиме победата. Но сега е важно да останеме достоинствени и одговорни“, порачаа студентите.

— реклама —

Тие нагласија дека изборниот успех не смее да биде повод за упади во медиуми и државни институции.

„Не поддржуваме упади во медиуми и институции, ниту повикуваме на нив. Медиумите ќе ги ослободуваме во Собранието, преку институционална борба за слободно и професионално новинарство“, се наведува во нивната порака.

— реклама —

Обраќањето доаѓа по инцидентот во редакцијата на „Информер“, за кој Александар Вучиќ претходно изјави дека претставува напад врз слободата на новинарството. Тој ги обвини Европската Унија и новинарските здруженија дека молчат за случувањата.

Со својата објава, студентското движење јасно се дистанцира од упадите, истовремено најавувајќи дека промените во медиумскиот сектор ќе ги бара преку собраниски и институционални механизми.

„Победата ја извојувавме заедно, да го зачуваме нејзиното достоинство“, порачаа студентите во блокада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4t7aibd1jv2faQYb82v

(Видео) „Првиот куршум е за тебе“ – професор од Студентската листа тврди дека криминални групи биле спремни да се пресметаат со граѓаните

Свет | пред 25 минути

— реклама —
media-librarymumuka6umn3gdXuw046

(Видео) Белграѓани заиграа оро пред јавната телевизија РТС по победата на студентите

Свет | пред 53 минути

media-libraryrq14f65o3t7bd1LwNCI

(Видео) Тензично, по „Информер“, демонстрантите се пред „Пинк“: Силен полициски кордон, кон зградата летале јајца

Свет | пред 1 час

media-librarypkpmouj8oo9ffo8ku4w

Илија Срдановиќ по упадот во „Информер“: Не прибегнувајте кон насилство

Свет | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања