Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Студентите со самостојно мнозинство во Србија: 139 пратеници според ЦеСИД и Ипсос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-library73738d5u84sb7xcuArP

Студентската изборна листа „Студентите победуваат“ освоила 139 пратенички мандати на предвремените парламентарни избори во Србија, додека листата на Александар Вучиќ добила 104 мандати, покажуваат првите процени на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД) и агенцијата Ипсос, по обработени 56 проценти од избирачките места.

— реклама —

Според овие процени, студентската листа обезбедува самостојно парламентарно мнозинство, бидејќи за формирање мнозинство во Народното собрание на Србија, кое брои 250 пратеници, потребни се најмалку 126 мандати.

— реклама —

Резултатите беа објавени откако Александар Вучиќ јавно го призна изборниот пораз, соопштувајќи дека неговата листа освоила приближно 1,72 милиони гласови, наспроти околу 2,2 милиони за студентската листа.

media-librarylurj37rltbkvfoylC4k

„Јасно е дека изгубивме. Сè уште ги немаме конечните резултати, но според досегашните стратифицирани примероци освоивме околу 1,72 милиони гласови, а студентската листа околу 2,2 милиони“, изјави Вучиќ во изборниот штаб на Српската напредна странка.

— реклама —

Тој процени дека неговата политичка опција ќе има околу 105 пратеници, додека студентската листа ќе освои приближно 136 мандати.

— реклама —
media-library1bngvovl72u25uobbxi

Процените на ЦеСИД и Ипсос покажуваат нешто поголема предност за студентите, со 139 мандати, што би им овозможило самостојно формирање парламентарно мнозинство.

Конечните резултати и распределбата на пратеничките мандати треба да ги потврди Републичката изборна комисија (РИК), која постепено ги објавува податоците од избирачките места

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Конечни резултати од изборите во Србија: Студентската листа со 140, СНС со 103 мандати

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Познат е конечниот состав на парламентот по изборите во Србија

Балкан | пред 1 седмица

media-library13mnh6llnm839LF9x5Z

Претседателските избори во Србија мора да бидат распишани до 27 декември

Балкан | пред 2 седмици

media-library73738d5u84sb7xcuArP

Студентската листа во Србија бара оставки од раководителите на полицијата и БИА

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања