Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Студентка на Стоматолошки факултет поткупила професор за да влијае врз претседателот на испитната комисија за да положи стручен предмет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library864q7sovjdq47OJqpx5
ФВ / МВР

Министерството за внатрешни работи соопшти дека до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднело кривични пријави против три лица, осомничени за кривичните дела „давање награда за противзаконито влијание“, „примање награда за противзаконито влијание“ и „примање поткуп“.

— реклама —

Првопријавена е 27-годишна битолчанка, студентка на Стоматолошкиот факултет, второпријавен е 56-годишен професор од Гостивар и поранешен потпретседател на Стоматолошката комора, а третопријавен е 63-годишен скопјанец, претседател на Комисијата за полагање стручен испит за здравствени работници од областа на стоматологијата при Министерството за здравство.

— реклама —

Според МВР, студентката во декември 2025 година, по претходна комуникација преку апликацијата „Вибер“, му префрлила парични средства на професорот со цел тој да влијае врз претседателот на испитната комисија. Како резултат на тоа, таа го положила стручниот испит на 17 декември 2025 година и добила уверение, иако, според сомнежите, не го поседувала потребното знаење.

— реклама —

Во рамки на истрагата, полициски службеници извршиле претреси кај второ- и третопријавениот, при што биле пронајдени и одземени 65.280 евра, 29.840 швајцарски франци и 161.500 денари.

— реклама —

Истрагата за случајот продолжува под раководство на надлежното обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 11 час

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 12 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања