Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Судир на три автомобили кај Другово, повредени осум лица меѓу кои и две деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Едно лице е тешко, а седуммина се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кичево–Охрид, во близина на селото Другово.

— реклама —

Според Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 27 јули во 13:35 часот и во неа учествувале три патнички возила: „Фолксваген Тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Љ.М. (76) од Прилеп, „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.П. (41) од Скопје, и „Цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Р.Р. (48) од кичевското село Грешница.

— реклама —

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во „Цитроен“, С.Р. (79) од селото Грешница.

— реклама —

Со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, како и нивните сопатници Г.Р. (45) од селото Грешница, Ц.М. (76) од Прилеп, М.П. (34) од Скопје и нејзините две малолетни деца. Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.

— реклама —

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кичево, а причините за несреќата се утврдуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 11 час

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 12 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања