Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Судот му забранил да ѝ се приближува, а тој наводно ја грабнал пред теретана – нови сознанија за убиството и самоубиството во Богданци

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library1vsuh7drf46d3UMDvNS
Илустрација / Скопје1

Првичните индиции за трагедијата во Богданци, во која беа пронајдени две безживотни тела, упатуваат на убиство и самоубиство, потврдија од Јавното обвинителство. Новите информации доаѓаат откако Скопје1 објави дека 17-годишната девојка, за која неофицијално се дознава дека е пронајдена мртва во опожарениот автомобил, претходно имала судска заштита од своето момче, 21-годишниот Виктор Г., кој беше пронајден обесен покрај возилото.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место и издаде повеќе наредби за обезбедување докази со цел да се испитаат причините за настанот. Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а обезбедени се и снимки од видео надзор. Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, меѓутоа настанот ќе биде во целост испитан“, велат од Обвинителството.

Според сознанијата на Скопје1, судот претходно му изрекол мерки за заштита од семејно насилство на 21-годишникот, вклучително и забрана да ѝ се приближува и да ја вознемирува малолетничката. Трагедијата се случила додека овие мерки сè уште биле во сила.

— реклама —

На 16 октомври Основното јавно обвинителство Гевгелија примило пријава за загрозување на сигурноста на девојката. Според информациите до кои дојде редакцијата, обвинителството започнало со постапување, биле определени датуми за распит на пријавителката и пријавениот, а биле дадени и наредби за вештачења.

Паралелно со оваа постапка, малолетничката водела и граѓанска постапка за заштита од семејно насилство, во која биле изречени заштитните мерки.

— реклама —

Скопје1 дознава и неофицијални детали за настаните што наводно ѝ претходеле на трагедијата. Според извори запознаени со случајот, постојат сомнежи дека 21-годишникот ја чекал девојката пред теретана во Гевгелија, по што насилно ја внел во автомобил и ја однел во правец на Богданци.

Овие информации засега не се официјално потврдени. Обвинителството соопшти дека се обезбедени снимки од видеонадзор, но не прецизираше што е забележано на нив.

Претходно, МВР потврди дека Виктор Г. бил лишен од слобода по пријава дека на 30 септември физички ја нападнал својата 17-годишна девојка во неговиот дом. За случајот бил известен јавен обвинител.

— реклама —

Скопје1 претходно објави и дека девојката им раскажувала на блиски пријатели за закани и за наводен напад со нож, од кој, според нејзините тврдења, успеала да избега преку прозорец.

На 3 ноември, во 18:40 часот, полицијата добила пријава за опожарен автомобил кај местото „Ичева чешма“ во Богданци. Покрај возилото било пронајдено безживотното тело на 21-годишникот, а по локализирањето на пожарот во автомобилот било откриено уште едно опожарено тело.

— реклама —

По наредба на обвинител, телата се предадени на обдукција за утврдување на причините за смртта и официјална идентификација.

Иако првичните индиции на Обвинителството упатуваат на убиство и самоубиство, конечните околности сè уште се утврдуваат. Засега не е официјално соопштено кој го предизвикал пожарот, како настапила смртта на двете лица и што точно се случувало непосредно пред трагедијата.

Случајот отвора и прашања за спроведувањето на претходно изречените судски мерки, особено дали надлежните институции имале сознанија за евентуално нивно прекршување и дали биле преземени сите предвидени мерки за заштита на малолетничката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymu4gg6v2bvd817DbXor

ОЈО за трагедијата кај Богданци: Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarypavqb1idrqkg56O1pBW

Скопје1 дознава: 17-годишна девојка е втората жртва во Богданци, претходно го пријавила момчето за насилство

Македонија | пред 4 часа

media-libraryr03t617gmrubeWW2MnN

Ужас во Богданци: Пронајдени две мртви лица, едното во изгорен автомобил, другото покрај него

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања