Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Судот во Кочани ја одби Ива Михајлова: Нема да може да го следи судењето преку видеоврска од Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 37 минути -

Македонија
media-libraryb0lqkoljg48t5faxUmq
Фото: Новините на NOVA

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка што се води против неа. Судницата одлучила судењето да продолжи во нејзино отсуство, а денеска се сослушуваат вештаци на предлог на одбраната.

— реклама —

Судијата Спиро Борисов образложил дека Законот за кривична постапка предвидува ваква можност во ситуации кога треба да се испитаат сведоци или вештаци, а не и обвинети лица. Поради тоа, барањето на Михаилова за учество преку видеоврска не било прифатено.

— реклама —

Ива Михајлова избега од Македонија во Бугарија на 11 октомври на засега непознат начин, а нејзиниот адвокат Николај Димитров изјави дека ѝ помогнал.

И Димитров и Михајлова пред камерите на бугарските телевизии дадоа нелогично образложение дека границата ја поминале со лична карта, иако ниту во македонскиот ниту во бугарскиот граничен систем Михајлова не е регистрирана.

— реклама —

Ива Михајлова е обвинета за сообраќајка со смртни последици, во која загина младиот Бесим Дурмиши од скопското село Љуботен. Сообраќајката се случи на 7 октомври 2025 година на патот Кочани-Штип. Семејството на загинатиот Дурмиши присуствува на рочиштата во Kривичниот суд во Кочани, каде што ѝ се судеше на Михајлова.

— реклама —

Михајлова беше под активна судска забрана да ја напушта Македонија и беше ставена на „стоп-листата“ на сите гранични премини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypahl16ohled97wEqJfP

Ива Михаилова од Бугарија бара да учествува преку видеоврска на судењето во Кочани, тврди дека вештачењата ја докажуваат нејзината невиност

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-librarymequ0lteooto830thXS

(Видео) Ива Михаилова нема намера да се врати во Македонија, го обвини Мицкоски за финансирање медиуми за ширење омраза кон бугарскиот народ и Бугарија

Македонија | пред 1 ден

media-librarynm4cee8u134m8ecSuUy

Муцунски за случајот со Ива Михаилова: Непристојно е земја членка на ЕУ да биде прибежиште за осудени лица

Македонија | пред 1 седмица

media-librarypahl16ohled97wEqJfP

На Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство, следното рочиште е на 9 ноември

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања