Промени тема
Контакт

Судска кочница за Белата куќа: Паѓа планот на Трамп за масовни отпуштања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library77614r3so4gffLZss0S

Одлуката на американското Министерство за надворешни работи да отпушти околу 250 вработени беше привремено блокирана од федерален суд, нанесувајќи сериозен удар врз планот на претседателот Доналд Трамп за масовно намалување на бројот на државни службеници.

— реклама —

Судијката Сузан Илстон од Окружниот суд во Сан Франциско оцени дека аргументите на синдикатите – дека отпуштањата се спротивни на законот кој Конгресот го усвои минатиот месец за да ја прекине 43-дневната блокада на федералната влада – се доволни за привремена мерка. Законот експлицитно забранува отпуштања пред 30 јануари, додека администрацијата на Трамп тврди дека ова ограничување не важи за решенијата најавени пред почетокот на блокадата на 1 октомври.

Во тој пакет спаѓаат и околу 1.300 вработени во Стејт департментот чии откази првично беа најавени уште во јули, од кои стотици веќе добија решение за прекин на работниот однос.

— реклама —

Синдикатите – Американската федерација на државни службеници и Американското здружение за надворешни работи – тврдат дека Белата куќа го толкува законот спротивно на намерите на Конгресот. Поради тоа побараа судска заштита, која судијката ја уважи, но правната битка продолжува.

— реклама —

Ова е дел од поширокиот спор што синдикатите го поведоа во октомври против повеќе федерални агенции, поради плановите да отпуштат околу 4.000 вработени за време на блокадата на владата.

Претседателот Трамп одамна најавува дека намалувањето на федералната администрација е клучен дел од неговата реорганизација на државните институции. Дел од најавените отпуштања веќе беше намален, откако десетици илјади службеници прифатија отпремнини или заминаа во предвремена пензија.

— реклама —

Но со последната одлука на судот, овој процес доби сериозно предупредување – барем засега.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 8 часа

— реклама —
morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 22 часа

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 1 ден

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања