Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
megafoni

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска одржа прес конференција на која беше јавно презентирана одлуката на Судскиот Совет која претставува важен чекор за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Македонија.

— реклама —

На 10 октомври годинава, Судскиот Совет донесе дисциплинска мерка – јавен укор за судијата Јованка Спировска Панева, со која се потврди дека таа незаконски и забранила на јавноста да го следи соочувањето на рочиштето, помеѓу бизнисменот Кочо Анѓушев и колешката Цветковска за случајот „Фероинвест против медиумот ИРЛ“, постапка со која новинарите беа спречени да ги информираат граѓаните за овој важен судски процес.

Во одлуката на Судскиот Совет јасно е наведено дека, „исклучувањето на јавноста за време на судските рочишта претставува груба повреда на транспарентноста и правото на информирање, што е од суштинска важност за слободата на медиумите.“

— реклама —

Драган Секуловски, директорот на ЗНМ истакна дека со постапката на судијата за отстранување на новинарите од судница директно се напаѓа медиумската слобода, причина заради која одлуката на Судскиот совет е позитивен пример за заштита на слободата на изразување.

„Оваа постапка на судијата Спировска Панева се смета за сериозна професионална грешка и директен напад врз медиумските слободи во спротивност со Законот за парнична постапка. Токму затоа одлуката претставува пресвртница за медиумската заедница. Со ова се испраќа јасна порака дека слободата на информирање мора да биде заштитена. Истовремено, ова е чекор кон гарантирањето на транспарентноста на судските постапки и дека законите мора да се почитуваат од сите судии“, рече Секуловски.

На 19 октомври 2023 година, ЗНМ поднесе претставка до Судскиот Совет, барајќи одговорност од судијата Спировска Панева поради исклучувањето на јавноста од рочиштето од горенаведениот случај, како и поведување на дисциплинска постапка. ЗНМ активно учествуваше на сите четири расправи пред Комисијата составена од тројца судии, презентирајќи релевантни докази што го потврдуваат неправилното постапување на судијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_5572

Првата група повредени од трагедијата во Кочани заврши рехабилитација – Министерството за здравство со апел, ЗНМ со остар одговор

Македонија | пред 5 месеци

znm

ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор

Македонија | пред 7 месеци

pance-toskovski-znm-2

ЗНМ и ССНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

Македонија | пред 8 месеци

saso-ordanovski

ЗНМ: Загрижува што пратеник на владејачка партија употреби несоодветни квалификации за Ордановски

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања