Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Шукова: Ќе ја деблокирам изградбата на мостот кај Љубљанска, Скопје не смее да биде заложник на политички игри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
kaja-sukova

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, остро реагираше на, како што рече, опструкциите од ВМРО-ДПМНЕ и актуелната градоначалничка Данела Арсовска, кои ја држат метрополата во постојан сообраќаен метеж и го стопираат развојот на клучни инфраструктурни проекти.

— реклама —

„Секојдневно гледаме како капитални проекти и решенија од витално значење за Скопје стојат заглавени поради политички игри, опструкции и целосна незаинтересираност за потребите на своите граѓани,“ изјави Шукова при денешната посета на општина Карпош.

— реклама —

Таа го посочи проектот за изградба на булеварот што треба да го поврзе мостот кај Љубљанска со улицата Скупи како еден од најважните сообраќајни зафати кој ќе го растовари метежот и ќе овозможи подобро поврзување на Карпош и централното градско подрачје.

— реклама —

„Сè е готово. Проектната документација е изработена, експропријацијата е завршена, средствата во висина од 190 милиони денари се обезбедени. Единствено што се чека е дозвола од Министерството за култура за теренските истражувања. Но веќе две години гледаме блокада и застој,“ нагласи Шукова.

Таа додаде дека доколку ја добие довербата на граѓаните, ќе ја деблокира изградбата и ќе овозможи реализација на овој проект, за Скопје конечно да добие современа и функционална сообраќајна врска.

„Како ваша градоначалничка ќе направам сè што е во моја надлежност оваа блокада да престане. Истражувањата мора веднаш да завршат за да почне изградбата на булеварот. Граѓаните одамна заслужуваат модерна инфраструктура и таа ќе ја добијат,“ порача Шукова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања