Шукова: Оние кои четири години го блокираа БРТ, сега го нудат како решение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
kaja-sukova

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, реагира на најавата за воведување на системот БРТ (Bus Rapid Transit) од страна на нејзиниот противкандидат Орце Ѓорѓиевски, кој синоќа беше претставен од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

— реклама —

„Оние што четири години го блокираа БРТ денес го нудат како свое решение. Тоа не е визија. Тоа е лицемерие“, изјави Шукова.

— реклама —

Таа потсети дека во својата програма за Град Скопје јавно и транспарентно ги претставила проектите, меѓу кои и враќањето и модернизацијата на БРТ системот како брз, ефикасен и одржлив јавен превоз. Според неа, скопјани добро знаат кому можат да му веруваат.

— реклама —

„Добро е што конечно ВМРО-ДПМНЕ разбираат дека Скопје има потреба од реални решенија. Но граѓаните нема да заборават кој ги кочеше проектите“, рече таа.

Шукова нагласи дека сите идеи може да се копираат, но „капацитетот, кредибилитетот и чесноста не се копираат“. Според неа, Скопје заслужува лидер со визија, а не „маркетиншки кампањи без покритие“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Во недела втор обид за избор на градоначалници во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 3 седмици

izbori-makedonija-Copy

Почнува собирањето потписи за независни кандидати во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn3fliu542sl9aZ6euwP

Повторно глсање во Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа на 11 јануари, Гаши ги распиша изборите

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања