Промени тема
Контакт

Сулејмани: 35 години независност, 35 предмети кои се наша заедничка приказна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library5n3lpusp5h1ja3csdOS

По повод 8 Септември – Денот на независноста, во Националниот археолошки музеј се одржа свеченоста „35 години независност – илјадници години приказни“. На настанот се обратија претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам Седат Сулејмани и директорката на Музејот, Магдалена Манаскова.

Министерот Сулејмани истакна дека 35-годишнината е повод да се осврнеме на изминатиот пат, но и да одговориме каква држава сакаме да изградиме во следните децении.

— реклама —

„Оваа земја е наш заеднички дом, во кој сите заедници имаат право да го чуваат, развиваат и споделуваат својот културен идентитет. Различноста е богатство, а мултикултурноста е нашиот најголем демократски потенцијал“, порача Сулејмани.

Тој нагласи дека предизвикот на оваа генерација е да изгради држава во која никој нема да се чувствува туѓ, младите ќе ја гледаат својата иднина овде, а секој граѓанин ќе може со гордост да каже: „Македонија е и моја земја“.

— реклама —

Во рамките на свеченоста беа претставени 35 предмети од постојаната поставка на музејот, преку кои археолошкото и културното наследство се доближува до пошироката јавност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5n3lpusp5h1ja3csdOS

Сулејмани од Гевгелија: Зборовите ги заменуваме со резултати – Старата чаршија повторно живее

Македонија | пред 3 дена

media-libraryqfnu0ev04j753j5ULLw

Сулејмани: „Охридско лето“ – уметност што ги обединува луѓето и културите

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања