Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Сулејмани во работна посета на шест културни установи: „За подобри услови и развој на културата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library51l55icgsv73b4ZHSGo

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денеска оствари работна посета на шест културни установи во Скопје – Македонската филхармонија, Македонскиот народен театар, Музејот на Македонија, Музејот на современата уметност, Националниот конзерваторски центар и Конзерваторскиот центар – Скопје.

— реклама —

Во рамките на посетите, Сулејмани со директорите разговарал за тековната работа, програмските активности, кадровските и инфраструктурните предизвици, како и за условите за работа во установите.

— реклама —

Посебно внимание било посветено на подготовката на програмите за 2027 година, при што биле разгледани приоритетите, финансиските потреби и можностите за реализација на значајни културни проекти.

— реклама —

Од Министерството за култура и туризам посочуваат дека посетите се дел од практиката на министерот непосредно да се запознава со состојбите во културните установи низ земјава.

Министерството најавува продолжување на поддршката за установите и нивните програми, со цел подобрување на условите за работа, унапредување на уметничкото создавање и заштита и развој на културното наследство и современата уметност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5n3lpusp5h1ja3csdOS

Сулејмани: 35 години независност, 35 предмети кои се наша заедничка приказна

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library5n3lpusp5h1ja3csdOS

Сулејмани од Гевгелија: Зборовите ги заменуваме со резултати – Старата чаршија повторно живее

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqfnu0ev04j753j5ULLw

Сулејмани: „Охридско лето“ – уметност што ги обединува луѓето и културите

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања