Промени тема
Контакт

Сушата и Ел Нињо ги разгоруваат пожарите во Индонезија: властите користат авиони за предизвикување дожд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs
unsplash

Индонезиските власти ги засилија напорите за ставање под контрола на пожарите во шест провинции, при што се користат и авиони за засејување облаци со цел да се предизвика дожд и да се намали загадувањето на воздухот што се шири низ регионот.

Земјата годинава се соочува со подолг и поинтензивен сушен период, додека временскиот феномен Ел Нињо дополнително го зголемува ризикот од суша, шумски пожари и загадување.

— реклама —

„Во состојба на готовност сме бидејќи временските услови навистина овозможуваат пожарите да станат поголеми“, изјавил министерот за безбедносни прашања Џамари Чаниаго. Според него, постојат индикации дека Ел Нињо можеби веќе го достигнал најинтензивното ниво во земјата.

Како приоритетни се издвоени провинциите Риау, Џамби, Јужна Суматра, Западен Калимантан, Централен Калимантан и Јужен Калимантан. Пожари избувнале и во други делови на земјата, вклучително и на островите Јава, Папуа и Нуса Тенгара.

— реклама —

Од индонезиската организација за заштита на животната средина WALHI велат дека пожарите најчесто се поврзани со уништувањето на шумите за создавање плантажи за производство на палмино масло и отворање рудници. Со тоа почвата станува посува и поподложна на палење.

— реклама —

Еколошкиот активист Дана Прима Тариган предупреди дека ситуацијата дополнително ја влошува Ел Нињо, кој го намалува количеството врнежи, го продолжува сушниот период и ја намалува количината вода во екосистемот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryon4oo2j3m7s353UnYsz

(Видео) Започна операцијата за извлекување на траектот што потона во Јаванското Море, 129 лица сè уште се водат како исчезнати

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library2uluffv3g07i9AwtOV3

По ерупцијата на вулканот „Анак Кракатау“ повторно отворени аеродромите во Џакарта

Свет | пред 2 седмици

media-librarysvb2qa4hj8189IA1MJB

Вулканскиот пепел го парализираше сообраќајот во Индонезија: 270.000 патници и 2.300 летови погодени

Свет | пред 2 седмици

media-librarymas1qqroc53i61qPnFI

(Видео) Индонезија во страв: Еруптираа три вулкани, 150.000 патници останаа заглавени на аеродромите

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања