Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сведочење за „Пулс“: Јавна тајна е дека газдата Деко имал заштита од полиција и инспекции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryn7e2plbfuobdczCRhxM
Скопје1.мк

На судењето за пожарот во дискотеката Пулс денеска беше прочитан исказот на сведокот на обвинителството, Ана Томева, која поради психичката состојба не можела лично да сведочи пред судот.

Во нејзиниот исказ било наведено дека сопственикот Дејан Јованов – Деко наводно имал заштита од лица во полицијата и инспекциските служби.

— реклама —

„Јавна тајна е дека Дејан Јованов Деко има заштита од луѓе во полиција и инспекциите“, стои во прочитаниот исказ.

Томева сведочела дека работела и во кафулето „Класик“ и во дискотеката, без да биде пријавена, а платата ја добивала во готово. Според неа, фискалните сметки биле заменувани со нелегална документација која интерно ја нарекувале „црни пари“.

— реклама —

Таа посочила и дека вработените немале никаква обука за противпожарна заштита и спасување, ниту знаеле каде се наоѓаат противпожарните апарати.

— реклама —

Во сведочењето било наведено и дека при најавени инспекциски контроли, дел од вработените и присутните се претставувале како гости за да се прикрие реалната состојба во локалот.

Друг сведок, Лина Крстева, која често била гостин во дискотеката, изјавила дека за време на пожарот немало лица кои ги насочувале или им помагале на присутните.

— реклама —

„Видов еден полицаец кој само стоеше и не ни помагаше“, сведочела Крстева.

По читањето на исказите, во судницата биле презентирани и материјални докази, меѓу кои и видеоснимки од пожарот со вознемирувачка содржина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryirk9uj09chmu2e8ssZU

(Видео) „Вие имате право на одбрана, нашите деца немаа право на втора шанса“: Таткото на Надица Наунова по судењето за „Пулс“

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Полицајците од Пробиштип не знаеле дека ќе учествуваат во контрола на дискотеката „Пулс“, тврди сведок на судењето

Македонија | пред 1 ден

IMG_5572

„Стручна самодисквалификација“: Марковски ги оспори наодите на вештакот на одбраната, Деко предложил 16 сведоци, меѓу нив и неговата ќерка

Македонија | пред 2 дена

IMG_5515

Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на барањето на Шилегов: Случајот не може да се споредува со други предмети

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања